Достапни линкови

Казраи:извинувањето на САД недоволно


Хамид Карзаи

Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи го отфрли извинувањето што го упатија САД за загинувањето на 9 деца за време на воздушни напади на НАТО силите. Казраи изјави дека цивилните жртви се неприфатливи. Авганистанскиот претседател на командантот на заедничките НАТО и американски сили Дејвид Петреус му пренел дека извинувањето не е доволно. Девет деца загинаа на 1 март во напад во провинцијата Кунар во источен Авганистан. Нападот го извршија хеликоптери на меѓународните сили. Генералот Петреус , изјавил дека загинувањето на децата е грешка на коалиионите сили, изразил жалење за тоа и ветил дека во иднина таквите инциденти нема да се повторат.
XS
SM
MD
LG