Достапни линкови

logo-print

Приврзаниците на либијскиот лидер во контраофанзива


Приврзаниците на либијскиот лидер Муамар Гадафи денеска започнаа контраофанзива против антивладините бунтовници. Со истрели во воздух по улиците на главниот град Триполи владините подржувачи прогласуваа серии победи. Либијската државна телевизија јави дека силите на Гадафи ги потиснале анти-владините демонстранти кон градот Бангази. Бунтовниците, од друга страна, тврдат дека ги одбиле нападите во градовите Завија и Мисрата додавајки дека сега се борат за освојување на Бин Џавад. Обединетите нации проценуваат дека 1.000 луѓе загинале во изминативе две недели во немирите во северноафриканската земја. Во меѓународната заедница се создава загриженост за можноста од избивање на граѓанска војна која би траела со недели или месеци.
XS
SM
MD
LG