Достапни линкови

Земјотрес во северниот дел на Чиле - нема извештаи за жртви и штети


Земјотрес го погоди северниот дел на Чиле, јавија новинските агенции. Од центарот за итни случаи во земјата потврдија дека нема извештаи за жртви и материјални штети. Земјотресот бил со јачина од над 6 степени според Рихтеровата скала, а жариштето му било на длабочина од осумдесетина километри, соопшти Американскиот геофизички институт. Епицентарот на земјотресот бил на околу 100 километри на североисток од градот Арика. На 27 февруари минатата година Чиле беше погоден од земјотрес со јачина од речиси девет степени според Рихтер. Во катастрофата настрадаа 524 лица.
XS
SM
MD
LG