Достапни линкови

Протести во Авганистан за смртта на девет деца


Стотици жители на Авганистан протестираат поради смртта на девет деца кои загинаа во хеликоптерски напад на НАТО на втори март годинава во источната провинција Кунар. Демонстрантите извикуваат „Смрт за Америка“ со фотографии од загинатите деца во раце.
Од НАТО за инцидентот соопштија дека децата биле погрешно идентификувани како бунтовници кои претходно ја нападнале воената база на Соединетите американски држави. Цивилните жртви се претворија во многу чувствителен проблем во Авганистан каде американските воени сили често се борат против талибанците и други бунтовници.
XS
SM
MD
LG