Достапни линкови

Критики за истрагата за трговија со човечки органи во Косово


Обвинител за воени злосторства од Србија изјави дека е алармиран од спората истрага за случајот за трговија со органи во соседно Косово. Владимир Вукчевич, критикувајки ја мисијата на Европската унија во Косово, за денешното издание на „Блиц“ изјавил дека тоа што ЕУЛЕКС отворил прелиминарна истрага за случувањата со трговијата со човечки органи „не значи ништо“. Истрагата е фокусирана на клиника во Приштина која беше затворена во 2008 година откако турски државјанин колабрираше на аеродром, по операција за отстранување на еден од неговите бубрези. Поранешниот косовски секретар за здравство Илир Речаи е меѓу осомничените во случајот.
XS
SM
MD
LG