Достапни линкови

Назначен нов министер за внатрешни работи во Египет


дел од поранешните министри од владата на Мумбарак

дел од поранешните министри од владата на Мумбарак

Нов министер за внатрешни работи е назначен денеска во Египет. Како што пренесува државната новинска агенција „Мена“, Генералот Масоур Ел Есави изјавил дека негов приоритет ќе биде подобрувањето на безбедноста низ земјата. Неговиот претходник, Хабиб Ал Адли вчера се појави пред судот, соочен со обвиненија за корупција, за кои тој се изјасни за невин. Про – демократските активисти бараат смена на сите министри на клучни ресори кои биле дел од владата на екс-претседателот Хосни Мумбарак, кој поради протестите во земјата, отстапи од функцијата на 11 февруари.
XS
SM
MD
LG