Достапни линкови

Ништо од парите за детските центри, обвинуваат руски доктори


Рускиот премиер Владимир Путин

Рускиот премиер Владимир Путин

Руски доктори обвинуваат дека со хуманитарната гала вечера организирана од премиерот Владимир Путин, на која присуствувале познати холивудски ѕвезди, не се обезбедиле ветените донации. На телевизираниот настан кој се одржа на десетти декември присуствувале актерите Шерон Стоун, Кевин Костнер, Моника Белучи и Орнела Мути. Вечерта наводно било напоменато дека собраните донации ќе бидат наменети за детските центри во болниците, за купување на потребната дијагностичка опрема. Новинската агенција „РИА Новости“ ја пренесува изјавата на портпаролката на фондацијата, која вели дека настанот бил организиран само за промоција на каузата и поттикнување донации а не за собирање пари.
XS
SM
MD
LG