Достапни линкови

Груевски е сигурен дека ќе победи на избори


Никола Груевски

Никола Груевски

Ако продолжиме да работиме со ова темпо, сигурен сум дека и да се одложат изборите, на редовните избори ќе добиеме повеќе гласови отколку сега, изјави лидерот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 14-тиот конгрес на партијата кој се одржува во Битола. Груевски повторно го повика првиот човек на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски да излезе на избори, додавајки дека се исполнети сите барања на опозицијата, освен едно за кое бил надлежен судот, а не Владата. Инаку, на конгресот на владеачката партија во Битола се очекува околу 600 делегати да го реизберат Груевски за лидер на партијата и во наредните 4 години.
XS
SM
MD
LG