Достапни линкови

Италијанскиот премиер Берлускони на суд за даночно затајување


Силвио Берлускони

Силвио Берлускони

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска повторно се појавува пред суд, соочен со обвиненија за корупција. Како што јави „Би Би Си“, обвинителството тврди дека Берлускони заедно со својот син плаќале повеќе од предвиденото за телевизиски реклами а за исплатениот износ не подмириле данок. Ова е само еден од неколкуте судски процеси против италијанскиот премиер кој исто така се соочува со обвиненија за плаќање на малолетна проститутка за секс. Берлускони се изјасни како невин по основ на сите обвиненија. Неговиот имунитет беше повлечен во јануари годинава.
XS
SM
MD
LG