Достапни линкови

СДСМ предложи кандидати за претседател на ДИК но не се враќа во Собранието


Од ланските протести на СДСМ

Од ланските протести на СДСМ

Тања Алтанџиева, актуелен член на Државната изборна комисија и Борис Кондарко, поранешен член на Комисијата и пратеник во претходниот парламентарен состав од редовите на СДСМ до Собранието на Македонија доставија свои кандидатури за функцијата претседател на ДИК. Од СДСМ потврдија дека без оглед на се, остануваат условите за враќање на пратениците во парламентот дополнувајки дека тој став се однесува и на седницата закажана на 15 март на која ќе се врши избор на претседател на Државната изборна комисија. За функцијата претседател на комисијата кандидатури поднесоа и Розита Цартовска и Милан Тоневски, двајцата правници по професија. Според Изборниот законик, претседател на Државната изборна комисија се избира по предлог на опозициската партија која на последните избори освоила најмногу гласови.
XS
SM
MD
LG