Достапни линкови

Саиф Гадафи: „Не постои поврзаност меѓу моето семејство и тоа што тука се случува“


Ако покрај илјадници, стотина луѓе имаат различно мислење, тоа не значи дека целата земја е против Вас, изјави во интервју за американската телевизија „Си Ен Ен“ синот на либијскиот лидер Муамер Гадафи. Саиф Гадафи смета дека осумдесет до осумдесет и пет проценти од земјата „е во ред“. „Дури и ако утре се одржат избори, мојот татко ќе победи со мнозинство гласови“ рече синот на либијскиот лидер кој, меѓу другото, испрати забелешки до Меѓународната заедница за споменувањето на членовите на неговото семејство во контекст на кризата која настанала во земјата. „Не постои поврзаност меѓу моето семејство и тоа што тука се случува“ рече Саиф Гадафи.
XS
SM
MD
LG