Достапни линкови

Забрането протестирање во Саудиска Арабија


Министерот за внатрешни работи на Саудиска Арабија забрани протести и маршови во земјата, јави државната телевизија. Безбедносните сили ќе ги користат сите мерки за да се справат со оние кои ќе го нарушат јавниот ред и мир, јави медиумот, пренесувајќи ја изјавата на министерот. Ваквите мерки се преземаат откако Шиитите, кои се малцинска група во Саудиска арабија, почнаа помали протести во источните провинции каде се произведува нафта.
XS
SM
MD
LG