Достапни линкови

Втор обид за освојување на градот Ал Завиах во Либија


демонстранти пред градот Рас Лануф

демонстранти пред градот Рас Лануф

Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи го обиколија градот Ал Завиах во северозападниот дел на земјата, во втор обид да ги соборат анти-владините демонстранти кои се подготвуваат да ја бранат својата територија. Претходно, новинските агенции, повикувајки се на локални извори јавија дека при првиот обид, силите на Гадафи со тенкови и тешка артилерија не успеале да го освојат градот лоциран на 50 километри од Триполи. Во меѓувреме, ани-владините сили од источниот дел на земјата најавуваат пробивање од Рас Лануф, каде што се рафинериите за нафта, до главниот град на северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG