Достапни линкови

Почеток на струмичкиот карневал


Со традиционалниот маскенбал, кој ќе се одржи во големата кристална сала на хотелот „Сириус“, вечер официјално ќе биде означен почетокот на годинашниов Меѓународен струмички карневал. На балот под маски, според најавите и интерeсот на граѓаните, ќе учествуваат над 500 маскирани лица, а главната церемонија ќе му биде посветена на изборот на принц и принцеза на карневалот. Утре на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на Струмица ќе биде организиран Детскиот карневал, а задутре, на чист понеделник, во сите домови ќе се служи бел посен грав во чест на тримерските празнувања и почетокот на големиот предвелигденски пост.
Главната карневалска прослава ќе се одржи во вторник вечерта на 8 март, кога по улиците на Струмица се очекува да продефилираат околу 2,000 групни и поединечни маски од земјава и од странство.
XS
SM
MD
LG