Достапни линкови

Годишна сесија на кинескиот парламент


Кинескиот парламент денеска во Пекинг ја започна годишната сесија. Во наредните 10 дена, околу 3 илјади делегати од Комунистичката Партија ќе расправаат за економските и социјалните цели на Кина за наредните 5 години. Во денешното воведно излагање, кинескиот премиер Вен Џибао вети продолжување на економскиот раст на Кина, мерки против инфлацијата и подобрување на условите за живот за посиромашните. Кинеската влада предвидува од 2011-та до 2015-та, економски раст од 7 насто годишно.
XS
SM
MD
LG