Достапни линкови

Обама ја почна кампањата на Демократите за изборите догодина


Американскиот претседател Барак Обама ја започна кампањата на неговата Демократска Партија за изборите во наредната година, на кои се очекува тој да влезе во трката за освојување втор мандат. Во говорот во Мајами, Обама истакна дека американската економија заздравува и оти тоа ќе им помогне на Демократите да се опорават од поразот од Републиканците на изборите лани во ноември. Меѓутоа, Обама ја нагласи и потребата од соработка со Републиканците во интерес на прогресот на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG