Достапни линкови

logo-print

Признанието на власта за промена на името пред самитот во Букурешт, партизираното општество, анализи за можните избори.. дел од темите во неделниците.

Писмото на министерот за надворешни работи Милошоски до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун е провокација за Фокус, насловната и уводникот да им ги посвети на, би рекле, главниот скандал во изминатите денови - признанието, прво на министерот, а потоа на премиерот дека уште пред самитот на НАТО во Букурешт државниот врв прифатил, покрај уставното име на државава да стои додавката Скопје, во заграда.

„Кога Груевски ќе си го пресече носот, тогаш сигурно ќе има референдум!“,
Кога Груевски ќе си го пресече носот, тогаш сигурно ќе има референдум!, пишува Фокус.
извикува на насловната и во насловот на уводникот авторот, кој смета дека и јавното признание не му било доволно на Груевски да замолчи. Не - вели Фокус - „носот му расте како на Пинокио, ама око не му трепнува, па лаже ли лаже. Сега не' убедува дека и тоа ново име задолжително ќе одело на референдум. И, што ако оди, кога тој смета дека Република Македонија, во заграда Скопје е добар предлог!? Нели само тогаш кога ќе добиеме добар предлог, тој ќе распишуваше референдум?“, потсетува Фокус на изјавите на премиерот Груевски, па додава дека од луѓе кои мислат дека цел живот може неказнето да лажат не може ни да се очекува нешто друго.


Глобус, на насловната страница ги цитира зборовите од анализата каква е и каква ќе биде Македонија по изборите на аналитичарот Ѓунер Исмаил дека „Власта ги пакува куферите“, и дека властодршците нема да можат да ја избегнат одговорноста за своите злодела. Се чистат компромитирачки документи, се полнат џебовите, се ’дотеруваат‘ судиите, се празни државната каса... Но, други прашања се многу поважни, ако не и најважни, смета Исмаил. Ако на
Малата анатомија на деструкцијата на Македонија со среќен крај, анализа на аналитичарот Ѓунер Исмаил во неделникот Глобус.
сите ни е јасно дека Македонија е потполно изместена од нормала, ако земјата утре ќе изгледа како да ја имале окупирано Црвени Кмери сосе Талибанци, што точно ќе треба да се прави? И, потсетува авторот на текстот, за да бидеме потполно свесни: СИТЕ КАСИ ЌЕ БИДАТ ПРАЗНИ, а колку пари ќе должиме ќе можеме да дознаеме дури неколку месеци по смената на власта! - ја завршува „Малата анатомија на деструкцијата на Македонија со среќен крај“, аналитичарот Ѓунер Исмаил во неделникот Глобус.

Форум, покрај другото, се занимава со нашето партизирано општество насловувајќи ја анализата: „Партијата над државата“. Неделникот објавува интересни анкети меѓу младите скопјани, според кои дури 81,3 проценти од анкетираните средношколци изјавиле дека никогаш не учествувале во избор на претставник за Средношколската унија, што говори за фактот дека нивните претставници се избрани нетранспарентно и недемократски. Форум наведува дека анкетите покажуваат и дека граѓаните немаат доверба во државните институции - дека не им се верува на Собранието, на судиите, на јавните институции, па го поставува прашањето: зошто цели 20 години не се доволни Македонија да изгради силни институции? Затоа што сиве изминати години овде функционира партијата, а не државата, констатира неделникот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG