Достапни линкови

logo-print

Пораст на криминалот во Битола


Битола

Битола

Дури за 19,5 отсто се зголемил бројот на регистрирани кривични дела во втората половина од 2010 година на подарачјето на Битола, стои во инфорамцијата на Секторот за внатрешни работи.

Биле регистрирани 415 кривични дела од кои најголем дел во класичниот криминалитет, па во економскиот и во областа на недозволена трговија со дрога. Ваквите податоци предизвикаа бурна дискусија во битолскиот совет. Советниците од владеачката партија ова го сметаат за успех на битолската полиција во борбата за сузбивањето на криминалот.
Разбиени се скоро сите нарко дилери во нашиот град, вклучувајќи и обработувачи на земја кои одгледувале марихуана во нивните посеви.


„Разбиени се скоро сите нарко дилери во нашиот град, вклучувајќи и обработувачи на земја кои одгледувале марихуана во нивните посеви. Друг факт е дека бројката од 50 регистрирани млади луѓе нарко зависници од нашиот град во 2004 година, сега е намалена за 90 отсто.“

Од извештајот за дрога на ОН

„Процентот на зголемување на криминалот се должи на регистрираните случаи кои се решиле затоа е во благ пораст“, изјавија Весна Ковчевска и Зоран Гешовски, советници од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозицијата, не држат место информациите дека е намален бројот на наркозависници кога во Центарот со метадон се лекуваат над сто пацинети.

„Зголемување на криминалитетот во сите области значи влошување на
Процентот на зголемување на криминалот се должи на регистрираните случаи кои се решиле затоа е во благ пораст.
безбедносната состојба во нашиот град. Бројката од 26 лица против кои се поведени постапки кога во градот има голем број на наркозависници и дилери.“

„Оваа бројка што фигурира најамалку три до четири пати е поголема.“

„Да немаме дилеми во иднина колку е успешно одделението за трговија со дрога и оружје да ни достават информации за откриените количини на дрога во Битола. Се зборува за минимални откриени количини, се зборува дека се ловат само ситените препродавачи, а крупните се оставаат“, велат Јулијана Силјановска, Лилјана Обедниковска и Методија Тасевски, советници од СДСМ.

Според податоците на невладиниот сектор, во градот има неколку илјади наркозависници.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG