Достапни линкови

БиХ со протесна нота до Србија поради случајот Дивјак


Сараево - подршка за генерал Јован Дивјак

Сараево - подршка за генерал Јован Дивјак

Министерството за надворешни работи на БиХ денеска и упати протестна нота на Србија, по чија меѓународна потерница во Виена беше уапсен генералот на армијата на БиХ Јован Дивјак.
Босанското МВР соопшти дека е во постојан контакт со амбасадата на БиХ во Австрија, со дипломатите во оваа земја, како и со своето дипломатско претставништво во Белград. На австриските органи им е доставена и документација, која била релевантна и во случајот со Ејуп Ганиќ.
Министерството ќе направи се што е потребно за да ги заштити граѓаните на БиХ, посебно во вакви случаи на неправедни обвиненија, изјави министерот Свен Алкалај, кој смета дека синоќешното апсење на Дивјак по потерница издадена од страна на Србија е политички мотивиран чекор.
Дивјак синоќа беше уапсен во Виена по меѓународна потерница која ја распиша Србија, обвинувајќи го за воени злосторства извршени во мај 1992 година, за време на повлекувањето на војниците на ЈНА од Сараево.
XS
SM
MD
LG