Достапни линкови

Франц Бекембауер - почесен амбасадор на Косово


Претседателот на Косово Беџет Пацоли

Претседателот на Косово Беџет Пацоли

На легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер денеска во Приштина му беше врачено признание за почесен амбасадор на Косово, кое му го додели косовскиот претседател Беџет Пацоли.
Во соопштението се наведува дека признанието на Бекенбауер му е врачено за придонесот кој го дал и понатаму ќе го вложува за да обезбеди „интеграција на косовскиот фудбал во УЕФА и ФИФА“.
Ова е прво признание кое Пацоли го врачува во својство на претседател на Косово.
Бидејќи Косово не е член на ОН и меѓународните организации, не може да биде примено и во УЕФА и ФИФА
XS
SM
MD
LG