Достапни линкови

logo-print

Поради бирократија, Романија ризикува губење еврофондови


Претседателот на ЕУ Ромпуј и Претседателот на Романија Басеску

Претседателот на ЕУ Ромпуј и Претседателот на Романија Басеску

Романија ризикува да изгуби еврофондови ако не забрза процес за нивна реализација, изјави денеска Eврокомесарот за земјоделство и развој на рурални реони Дачиан Чолош кој е во посета на Романија.
Чолош препорача Романија да преземе мерки за упростување на административните процедури.
Романија има една од најсложените бирократски и административни системи за управување со еврофондови. Милам дека постои можност за олеснување на процесот во разумни рамки заради искористување на фондовите, додаде еврокомесарот.
Според весникот Адеверул, еврокомесарот за труд и социјални прашања Ласло Андор исто така предупреди дека Романија ризикува да загуби финансии од ЕУ заради бавното темпо до реализација на средствата.
XS
SM
MD
LG