Достапни линкови

Во Триполи растурени демонстрациите против Гадафи


Либиските сили за безбедност ги растураа денеска демонстрациите против Претседателот Моамер Гадафи во Триполи.
Беа употребувани водени топови а потоа и огнено оружје за да се растурат толпите.
Од друга страна, либиската државна телевизија соопшти дека владините сили ја повратиле контролата врз Завија место во близина на Триполи. Силите лојални на Гадафи денеска извршиле и повеке воздушни напади врз бунтовничките позиции во Ајдабиа во источна Либија.
XS
SM
MD
LG