Достапни линкови

Шефот на словенечката дипломатија во понеделник во Скопје.


Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар од 7 до 9 март ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана од шефот на македонската дипломатија Антонио Милопоски.
Како што информира МНР, Жбогар ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Се очекува на средбите да стане збор за билатералните односи, евроинтеграцијата на Македонија, како и за ситуацијата во регионот. Со Жбогар ќе допатуваат и словенечки бизнисмени кои ќе учествуваат на бизнис форум со претставници на македонската бизнис заедницата.
Предвидено е во рамки на посетата на Македонија шефот на словенечката дипломатија да има средби и со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.
.
XS
SM
MD
LG