Достапни линкови

Ивановски не поднесува оставка од функцијата уставен судија


Трендафил Ивановски

Трендафил Ивановски

Врховниот суд не ја прифатил жалбата на уставниот судија Трендафил Ивановски на одлуката на Управниот суд, а претходно и на Комисијата за лустрација дека тој бил поранешен соработник на тајните служби. Според Врховниот суд, Управниот суд донел законита одлука и нема повреда на постапките. Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски денеска изјави дека нема да поднесе оставка од функцијата уставен судија. ,, Јас никогаш не прифатив, ниту ќе прифатам дека сум бил кодош, односно соработник на тајната полиција,, рече Ивановски.
XS
SM
MD
LG