Достапни линкови

Нападот во Франкфурт не е поврзан со тероризам


Германското јавно обвинителство соопшти дека убиството на двајцата американски војници на аеродромот во Франкфурт било индивидуален акт и не е поврзано со некаква терористичка организација. За нападот што се случи во средата и во кој биле повредени уште двајца војници се сомничи 21 годишниот етнички албанец Арид Ука со потекло од Косово. Јавното обвинителство прецизира дека тој бил осамен напаѓач, но под исламистичко влијание. Се додава дека настанот ќе бил потрагичен ако не му се заглавил пиштолот со кој пукал.
XS
SM
MD
LG