Достапни линкови

Новиот премиер на Египет на собирот во Каиро


Новиот премиер на Египет Есам Шараф денеска им се обрати на насобраните на каирскиот плоштад Тахрир. Военото раководство вчера го наименува Шараф како замена на Ахмед Шафик кој за премиер беше назначен од поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак. Протестите на плоштадот Тахрир продолжија и по отстранувањето на Мубарак од власт. Демонстрантите велат дека ќе го чекаат исполнувањето на другите нивни барања, вклучувајќи ослободување на политичките затвореници и укинување на воената состојба.
XS
SM
MD
LG