Достапни линкови

Иванов очекува добра соработка со Соренсен


Новиот шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија Петер Соренсен денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов. Притоа Соренсен изјави дека ќе ги вложи сите напори за да и помогне на Македонија за да ја оствари нејзината перспектива во Европската унија. Претседателот Иванов, од своја страна, изрази уверување дека за време на мандатот на Соренсен, Македонија ќе ги започне преговорите и ќе стане полноправна членка на Унијата. Притоа Иванов ја искажа подготвеноста на Македонија конструктивно да учествува во разговорите во рамки на ОН за надминување на спорот за името со Грција. ,,Но, за решение е потребна конструктивност и од другата страна. Истовремено, бараме и очекуваме еднаков и фер третман од ЕУ и земјите членки. Очекуваме позитивниот пример во интеграцискиот процес од нашиот регион да биде применлив и во нашиот случај,, рече Иванов.
XS
SM
MD
LG