Достапни линкови

logo-print

Грција е подготена за расправата со Македонија во Хаг


Делавекурас на состанок на ОБСЕ, лево од Дора Бакојани

Делавекурас на состанок на ОБСЕ, лево од Дора Бакојани

Грција е добро подготвена за претстојната јавна расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг што почнува на 21 март и ќе презентира дека Македонија е таа која ја прекршила Времената спогодба од 1995 година изјави вчера портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас.
Тој се воздржа од прогнози за исходот од процесот и дали тој би влијаел врз преговорите за името во рамки на ОН, но оти по започнување на процедурата ќе видат како ќе се одвива процесот и до каде ќе доведе.
На новинарско прашање зошто Грција во 2008 не го прифатила предлогот „Република Македонија (Скопје)“, Делавекурас рече дека одговорот е содржан во изјавата на премиерот Никола Груевски.
Предизвикот е да се најде решение денес и сега. Грција гледа кон иднината. Сакаме да постигнеме решение за спорот со името и сакаме да го помогнеме пристапувањето на земјите од регионот во Еу и НАТО, рекол Делавекурас.
XS
SM
MD
LG