Достапни линкови

Врховниот Суд ќе се произнесе за наводниот „соработник“ Трендафил Ивановски


Трендафил Ивановски

Трендафил Ивановски

Врховниот суд на Република Македонија денеска треба официјално да ја соопшти одлуката за случајот со уставниот судија и поранешен претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски кој се товари дека е поранешен соработник на тајните служби.
Доколу Врховниот суд ја одбие жалбата на Ивановски на одлуката на Управниот суд, а претходно и на Комисијата за лустрација која утврди дека судијата е поранешен соработник на службите, тој ќе треба правдата да ја бара во меѓународните институции.
Ивановски пред Комисијата за лустрација и пред Управен суд тврдеше дека не бил соработник со тајните служби и дека бил репресирано лице кое во гимназиските денови било по полициски третман поради своите младонационалистички идеи за обединета Македонија
XS
SM
MD
LG