Достапни линкови

Обама: Не се исклучува можноста за воена акција врз Либија


Американскиот Претседател Барак Обама и либискиот лидер Моамер ел Гадафи

Американскиот Претседател Барак Обама и либискиот лидер Моамер ел Гадафи

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ја разгледува секоја опција за Либија вклучувајќи ја и воената акција. Тој во својот говор во Вашингтон ја поддржа либиската опозиција и го повика либискиот лидер Моамер Гадафи да ја напушти позицијата затоа што, како што вели, го загуби легитимитетот. Обама додаде дека не е отфрлена можноста да се преземат мерки за да се спречат воздушните сили на Гадафи да извршат бомбардирање врз бунтовниците. Обама изјави дека и понатаму ќе продолжат да испраќаат јасна порака дека насилството мора да запре, а оние кои извршуваат насилство против либискиот народ мора да одговараат. Претходно вчера Хашкиот меѓународен кривичен суд соопшти дека ќе спроведе истрага за Гадафи и неговите соработници , кои се сомничат дека сториле злосторства против човештвото.
XS
SM
MD
LG