Достапни линкови

Стејт Департмент: Хероинот од Авганистан поминува низ Косово


Косово е транзитно подрачје за авганистански хероин на патот за Европа, но во Косово има и се поголем проблем со наркотиците, се вели во извештај на Стејт департментот упатен до Конгресот. Во извештајот се напоменува дека Косово не е значаен производител на наркотици туку дека тука минува хеорин кој во Косово се испорачува од Турција, како и кокаин и марихуана преку црногорски и албански пристаништа на пат за Европа . Стејт департментот забележува дека имало помалку апсења со оглед на количината што се шверцува. Покрај тоа, се истакнува дека поради прашањето за статусот на Косово и недовербата во тамошната полиција, во државите соседи постои колебање да се спроведат заеднички истраги со властите во Приштина.
XS
SM
MD
LG