Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници, печат...

Весници, магазини, неделници, печат...

Согласноста за промена на името, предвремените избори, нападот врз пратеникот Жерновски, дел од темите во дневните печатени медиуми.

Со кои вести да го почнеме прегледов? Со оние за скандалот со името, односно признанието на премиерот дека уште пред Букурешт сме се согласиле на додавката Скопје во заграда, или со поскапувањата кои дефинитивно го легнуваат граѓанинот во државава наземи?

„Власта ја канат во ’предавничкиот клуб‘“, ја насловува Утрински, информацијата дека СДСМ иронично му посакале добредојде на премиерот во клубот на „предавниците“ и дека е несфатливо што ги лаже граѓаните пет години со некакви патриотски приказни.

„Не сме прифатиле промена, туку само
Не сме прифатиле промена, туку само предлог за промена што ќе оди на референдум, ја цитира во насловот ,,Нова Македонија,, одбраната на
премиерот.
предлог за промена што ќе оди на референдум“, ја цитира во насловот Нова Македонија, одбраната на премиерот, а Време дека „Патриотите признаа дека го дале името“, и дека во писмото од Милошоски до Бан Ки Мун никаде не се спомнувал референдум.

Од друга страна, Вечер, пак, пишува дека во писмото се спомнувал референдум. Вие, почитувани, решете кому ќе верувате.

Време објавува и дека дијаспората, која важи за традиционален поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, по оваа вест му го свртела грбот на премиерот и дека тој повеќе не можел да очекува безрезервна поддршка од нив.

За изборите: Дневник го цитира Груевски кој изјави дека предвремени избори сигурно ќе има, без разлика дали опозицијата ќе ги
,,Време,, пишува ,,Патриотите признаа дека го дале името,, и дека во писмото од Милошоски до Бан Ки Мун никаде не се спомнувал
референдум.
бојкотира, за, како што рече, да се стави крај на штетата што врз државата ја прави Бранко Црвенковски.

Вечер насловува: „Ќе бојкотираат избори ако не биде по нивно“, а Утрински дека опозицискиот фронт застана зад Црвенковски и зад барањата на СДСМ да се одржат регуларни, фер и демократски избори.

Време пишува дека доколку Црвенковски не ги почитува роковите за делегирање свој претставник за испразнетата ДИК, Груевски ќе тера по свое, и ги објавува предупредувањата на политичките аналитичари дека се можни злоупотреби со избирачкиот список, при што „Печалбарите се печени за манипулација“, со чија бројка од околу 200 илјади и со гласовите на умрените, власта можела да врши злоупотреба во походот по гласови.


Опозициските електронски и пишани медиуми ја објавија веста дека пратеникот Жерновски во еден ресторан физички бил нападнат од бизнисменот Јованов, инаку член на владејачката партија. Време иронично наведува дека тупаниците за пратеникот се вовед во „фер“ избори. Истата информација, Вечер ја насловува: „Пратеникот Жерновски се степал со скопски бизнисмен“.

И на крај на прегледов, но не и како најмалку важно, „Скапо, скапо, најскапо...цените вртоглаво растат“, пишува Утрински информирајќи за поскапувањето на струјата, лебот, брашното...

Време споредува дека ланската илјадарка сега вреди 750 денари, а покрај за ценовниот шок, Дневник јавува дека Владата ќе интервенирала со 40 илјади тони пченица од стоковите резерви за да го ублажи ценовниот удар врз граѓаните.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG