Достапни линкови

Студентски протести во Романија


Неколку илјади романски студенти и денеска протестираат во Романија против измените во Законот за образование. Студентите, кои протестираат од понеделникот, тврдат дека новиот закон им го ограничува правото да го искажат своето мислење за одлуките донесени од ректорите и административните совети.
Студентите на министерот за образование Даниел Фунериу му испратија пакет со лутеница, туршија, салама, смоки и гуми за џвакање, порачувајки дека така министерот ќе сфати што значи да си студент во Романија.
XS
SM
MD
LG