Достапни линкови

На 15 март ќе се избира нов претседател на ДИК


собраниската сала

собраниската сала

На собраниската седница закажана за 15 март ќе бидат ставени на дневен ред изборот на претседател на Државната изборна комисија, измените на Изборниот законик, измените на Законот за Судски совет и формирањето на привремена комисија за прегледување на Избирачкиот список, соопшти денеска претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по координативната средба. На координацијата не присуствуваа пратениците од опозициската СДСМ и за сега не се знае дали партијата ќе достави свој предлог за претседател на Државната изборна комисија.
XS
SM
MD
LG