Достапни линкови

Доживотен затвор за тројното убиство во „Три Бисери“


Судскиот совет на Кривичен суд во Скопје денеска го осуди на доживотна затворска казна Скопјанецот Тони Денковски за минатогодишното тројно убиство, кое го изврши во рибниот ресторан „Биг Фиш“, во населбата Аеродром. Денковски во септември минатата година со автоматска пушка ги уби Јордан Јорданов - Ркулот, кој бил член на „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и полицаецот Владо Милошев, вработен во Шестата управа во МВР.
По убиството Денковски побегна, но подоцна самиот и се предаде на полицијата. За време на истрагата тој се бранел со молчење, а за време на судскиот процес тврдел дека ги убил тројцата оти постојано му вршеле притисок и му се заканувале, како нему, така и на неговите деца, бидејќи им должел пари. Според првичните сознанија на истрагата, се работело за голем долг кој Денковски не можел да го подмири поради што имал големи притисоци од убиените.
XS
SM
MD
LG