Достапни линкови

logo-print

Конгреси без промени?


Двете најголеми партии се подготвуваат за партиските конгреси

Двете најголеми партии се подготвуваат за партиските конгреси

Ништо ново не се очекува од претстојните конгреси на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Експертите сметаат дека опозицијата е пред поголем предизвик за промени.

Претстојните конгреси на двете ривалски партии ВМРО-ДПМНЕ и Социјалдемократскиот сојуз нема да донесат суштински промени во организацијата на партиите. Од владејачката ВМРО-ДПМЕ очекуваат конгресот кој ќе се одржи претстојниот викенд да ги потврди политиките на актуалната влада, а ќе бидат усвоени и неколку декларации и извештајот за сработеното во изминатите четири години.
Политиките што ги води партијата ќе добијат потврда, нов мандат, ќе се избира претседател на партијата, за очекување е повторно да биде избран Никола
Груевски.


„Политиките што ги води партијата ќе добијат потврда, нов мандат. Ќе се избира претседател на партијата, за очекување е повторно да биде избран Никола Груевски. Единството во партијата, поддршката што ја има тој се неспорни“, вели Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ.

Изборна конвенција на ВМРО ДПМНЕ пред локалните и претседателските избори во 2009 година

Иако најверојатно владејачката партија нема да прави некакви покрупни промени во структурата на партиското тело, политичките аналитичари велат дека тоа мора да го направи СДСМ, доколку има тенденција да го намали водството што ВМРО-ДПМНЕ го има според последните неколку истражувања.
Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања
Бранко Црвенковски пополека велам, треба од политичката сцена, а и не само тој туку и другите постари, треба да се повлечат и да остават место на новите луѓе за да ги искажаат своите квалитети.
вели дека опозицијата мора да направи две крупни промени.

„Нудење на концепт и визија за развој на државата, дали тоа ќе оди преку партиска програма, предизборна програма или концепт за развој на државата и се разбира нови кадровски решенија.“

Дека двата конгреса нема да понудат новини, очекува и професорот Фејзула Шабани од Штуловиот универзитет. И тој се согласува дека опозицијата е таа што треба да направи поголеми промени во партиското ткиво.

Бранко Црвенковски на митинг во Штип на 21 ноември 2010

„Бранко Црвенковски пополека велам, треба од политичката сцена, а и не само тој туку и другите постари, треба да се повлечат и да остават место на новите луѓе за да ги искажаат своите квалитети. Јас мислам дека двата конгреса на двете партии нема ништо ново да донесат на политичката сцена освен ако не го менуваат политичкиот курс на опозицијата.“

Деновиве во медиумите има шпекулации дека на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ може да биде соопштен датумот на предвремените избори, а на оној на СДСМ да биде соопштено името на новиот мандатар во случај на победа на изборите. Но, овие информации официјално не ги потврдија и двете страни.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG