Достапни линкови

logo-print

Реформи за ефикасна администрацијата или...


Премиерот најави крај на ерата на шетање од шалтер до шалтер

Премиерот најави крај на ерата на шетање од шалтер до шалтер

Владините реформи предвидуваат парични казни, стрес тест, оценки од граѓаните... Експертите повикуват на темелни реформи.

Се што се прави на брзина, без консуслатции со експертската јавност, невладиниот сектор, опозицијата, подоцна ќе има негативен ефект, а последиците од тоа ќе ги плаќаат граѓаните како корисници на услугите на администрацијата. Вака експертите ги коментираат измените на законот за администрација што ги најави премиерот Никола Груевски.
Моја препорака е со овие реформи да се почне еднаш и темелно да бидат разгледани сите промени каде што сите би партиципирале бидејќи се работи за голем и обемен
проект.


„Моја препорака е со овие реформи да се почне еднаш и темелно да бидат разгледани сите промени каде што сите би партиципирале бидејќи се работи за голем и обемен проект“, вели професот Јонус Абдулау од факутетот за јавна администрација на Универзитет на Југоисточна Европа.

Премиерот Никола Груевски вчера најави низа промени со кои ќе заврши ерата на шетање од шалтер до шалтер. Целта на измените е граѓаните да бидат задоволни за пократко време и за помалку пари. Зајакнатата контрола на административците предвидува и стрес тест и тест на интегритет за вработените, граѓаните ќе може да ја оценуваат нивната работа. Ќе се усложни и процедурата за вработување во јавниот сектор, а процедурата за отпуштање ќе се скрати.

„Додека во приватниот сектор секој вработен мора постојано да се докажува и да биде успешен и квалитетен, во јавниот сектор нема таква обврска
Ќе се види каков ќе биде резултатот, однапред ништо неможеме да кажеме, мислам дека треба од некаде да се почне. Дали се тие мерки строги или не, времето ќе покаже, дали ќе има ефикасност или не, сепак ќе кажат самите граѓани, јас мислам дека ќе има некаков резултат за позитивно функционирање на службениците во Македонија.
која што има и обврски за санкционирање и согласно тоа се создадоа лоши навики кај дел од вработените, секоја чест на оние кои што добро си ја вршат работата, кои произлегуваат од абнормалната комоција што им ја даваат законите.“

Опозицијата веднаш обвини дека Груевски, и покрај сите критики за партизираност на администрацијата, не престанува да ја надоградува својата машинерија.

„Во духот на Груевски и на оваа Влада, која што пет години владее со Република Македонија, се работи апсолутно за популистички методи, фингирани ситуации, се во функција за повеќе гласови за избори“, вели потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев.

Во ДУИ, коалициониот партнер во Владата, велат дека од некаде мора да се почне за да се стави крај на неефикасната администрација.

„Ќе се види каков ќе биде резултатот, однапред ништо не можеме да кажеме, мислам дека треба од некаде да се почне. Дали се тие мерки строги или не, времето ќе покаже, дали ќе има ефикасност или не, сепак ќе кажат самите граѓани, јас мислам дека ќе има некаков резултат за позитивно функционирање на службениците во Македонија“, вели Сафет Незири од ДУИ.

Измените на законите предвидуваат поголеми казни за административците кои нема да го сработат предметот во дадениот рок. Неодговорниот работник ќе биде казнуван со казна, почнувајќи од 1.500 евра, до 15.000 евра за раководителот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG