Достапни линкови

logo-print

Воени игри околу Либија


И личната медицинска сестра, Украинката Галина Колотницка го напушти Гадафи

И личната медицинска сестра, Украинката Галина Колотницка го напушти Гадафи

Борбите меѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи во Либија продолжуваат. САД во меѓувреме сигнализира внимателност во врска со можноста за меѓународна воена интервнеција во Либија.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека воспоставувањето зона за забранети летови над Либија значи акт на војна, а тоа започнува со напад врз Либија.

„Зона забранета за летови започнува со напад врз Либија и уништување на нејзината воздушна одбрана. Затоа се прави зона забранета за летови. И тогаш ќе може авионите да летаат над земјата и да не стравувате дека нашите момци ќе бидат погодени.“

Секретарот за одбрана Роберт Гејт објасни дека станува збор за голема операција.

Американски воени бродови во Црвеното Море на 16 февруари 2011

„Тоа значи дека ви требаат повеќе авиони отколку што има на еден носач на авиони. Тоа е голема операција за голема земја.“

Белата куќа, сепак, соопшти дека ситуацијата за интервенција се проценува и дека засега не се отфрла ни една опција. САД веќе испратија два брода амфибии за
Зона забранета за летови започнува со напад врз Либија и уништување на нејзината воздушна одбрана. Затоа се прави зона забранета за летови. И тогаш ќе може авионите да летаат над земјата и да не стравувате дека нашите момци ќе бидат погодени.
напад во Медитеранот и го повикаа Гадафи да ја напушти власта. Тој, пак, најави борба до последен човек и се закани дека илјадници луѓе ќе загинат доколку западните сили интервенираат.

Бегалска криза

Во меѓувреме, околу 30 илјади луѓе чекаат на границите на Либија за влез во Тунис, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.
Портпаролката на агенцијата Мелиса Флеминг вели дека повеќе од 180 илјади луѓе се обиделе да ја напуштат Либија.
Границата ја поминале околу 140 илјади луѓе и отишле во Египет и Тунис, а другите се уште се на граница.
Велика Британија, Франција и муслиманските земји членки на исламската конфедерација покренаа засебни операции за префрлање на бегалците и странците од Либија кон Египет и Тунис.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG