Достапни линкови

Африканците-штрајкувачи со глад завршија во болница во Грција


Околу сто илегални емигранти со тешки здраствени проблеми се хоспитализирани во Грција, како последица на штрајкот со глад. Болнички извори соопштуваат дека луѓето биле доведени во болница, откако 37 дена одбивале да примаат храна. Тие се дел од групата од 240 емигранти од Северна Африка. Владата одби да ги прифати барањата на емигрантите, соопштувајќи дека тие илегално влегле во Грција, а ако им биде одобрен легален статус, тоа ќе поттикне и други вакви протести.
XS
SM
MD
LG