Достапни линкови

logo-print

Бегалска криза во Либија


И личната медицинска сестра, украинката Галина Колотницка го напушти Гадафи

И личната медицинска сестра, украинката Галина Колотницка го напушти Гадафи

Околу 30 илјади луѓе чекаат на границите на Либија за влез во Тунис, соопштува Агенцијата за бегалци на ОН. Портпаролката на агенцијата Мелиса Флеминг вели дека повеќе од 180 илјади луѓе се обиделе да ја напуштат Либија. Границата ја поминале околу 140 илјади луѓе и отишле во Египет и Тунис, а другите се уште се на граница. Велика Британија, Франција и муслиманските земји членки на исламската конфедерација вчера покренаа засебни операции за префрлање на бегалците и странците од Либија кон Египет и Тунис.
XS
SM
MD
LG