Достапни линкови

„Кртот“ на Викиликс се соочува со доживотен затвор


Војникот Бредли Менинг

Војникот Бредли Менинг

Американската армија поднесе дополнителни 22 обвиненија против Бредли Менинг, војникот осомничен дека им ги дал на Викиликс стотиците илјади доверливи владини документи. Во соопштението од армијата се наведува дека Менинг се соочува со доживотен затвор.
Судењето на 23-годишниот Менинг е одложено додека трае психијатриското вештачење што треба да утврди дали тој е способен за судење. Основачот на Викиликс Џулијан Асанж негира дека го познава Менинг.
XS
SM
MD
LG