Достапни линкови

Карзаи - Преговараме со Талибанците


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со британскиот принц Чарлс

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со британскиот принц Чарлс

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека неговата влада, како и западните подржувачи, почнале да контактираат со Талибанците во обид да договорат завршување на конфликтот во таа земја. Карзаи ова го изјави во интерву за британскиот Канал 4, за време на неговата посета во Лондон.
Тој рече дека претставници на неговата влада директно разговараат со Талибанците. Карзаи вели дека претставници на САД и Велика Британија исто така контактираат со Талибанците. Тој оцени дека за завршување на конфликтот во неговата земја ќе бидат потребни уште една до три години.
XS
SM
MD
LG