Достапни линкови

Косовската влада го осуди убиството на американските војници


Американскиот воен автобус на аеродромот во Франкфурт, по убиството на војниците

Американскиот воен автобус на аеродромот во Франкфурт, по убиството на војниците

Косовската влада синоќа најостро го осуди убиството на двајца американски војници на аеродромот во Франкфурт од страна на државјанин на Косово. Во владиното соопштение се наведува дека злосторството е акт против цивилизациските вредности и традиција на народот од Косово, кој од секогаш им бил благодарен на САД за подршката и помошта во процесот на ослободување и стекнување независност, како и за развојот на Косово. Косовската влада уверува дека напаѓачот ќе ја добие заслужената казна. Нападот го осуди и косовскиот претседател Беџет Пацоли. Командата на военото воздухопловство на САД за Европа потврди 21-годишен државјанин на Косово убил двајца нивни припадници во вооружан напад на аеродромот во Франкфурт, а уште двајца се ранети.
XS
SM
MD
LG