Достапни линкови

Телефонски разговор Бајден-Јанукович


Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден телефонски разговарал со украинскиот претседател Виктор Јанукович. Во соопштение од кабинетот на Бајден се наведува дека американскиот потпретседател ја нагласил важноста, украинските власти да избегнуваат „селективни гонења“ против опозиционерите. Бајден побарал и реформи во Изборниот закон, кој ќе ја забрза европската интеграција на Украина и ќе и помогне на земјата во привлекување на странски инвестиции. Јанукович е на власт точно една година. Наредната недела, според најавите, Бајден треба да ги посети Русија, Финска и Молдавија.
XS
SM
MD
LG