Достапни линкови

Двајца американски војници застрелани во Франкфурт


Двајца американски војници загинаа и едно лице е потешко рането во престрелка на аеродромот во Франкфурт, јави американската телевизија „Си ен ен“. Повикувајки се на извори од аеродромот, телевизијата пренесува дека едно вооружено лице, кое сега е приведено, отворило оган во автобус паркиран близу вториот терминал на аеродромот, во кој се превезувале американските војници. Според се` уште неофицијални информации, приведениот напаѓач е млад човек од Косово.
XS
SM
MD
LG