Достапни линкови

Обединетите нации се загрижени за немирите во Ирак


Ирак, денеска

Ирак, денеска

Обединетите нации се загрижени од извештаите за кршење на човековите права за време на протестите во Ирак. Безбедносните сили користеле „непропорционална сила“ врз демонстрантите, јави специјалниот претставник на светската организација во земјата Ад Мелкерт. Илјадници жители на Ирак протестираат во знак на незадоволство од корупција, висока стапка на невработеност и несоодветни услуги на јавниот сектор. Обединетите нации дополнително се загрижени за притисоците врз медиумите како и апсењата на новинари. Минатиот петок 14 лица загинаа во немирите. Тој датум сега се нарекува „ден на бесот“.
XS
SM
MD
LG