Достапни линкови

Задолжување за раздолжување


Владината политика на задолжување, од ,,шупливо во празно" велат економистите
Владината политика на задолжување, од ,,шупливо во празно" велат економистите

Владата на вчерашната аукција на записи се задолжи за нови 33 милиони евра, а веќе денеска за враќање доспеваат 34,5 милиони евра.

Политиката, која некои економисти ја опишаа како претурање од шупливо во празно, продолжува. Владата на вчерашната аукција на записи се задолжи за нови 33 милиони евра, а веќе денеска за враќање доспевааат 34,5 милиони евра.
Преку шестмесечни записи со девизна клаузула се реализирани 11 милиони
Во еден момент ќе треба да се најде начин како со други средства да се покрие тој долг и понатаму Македонија да не се задолжува одново. Меѓутоа за тоа ќе треба целосно менување на структурата на расходите на буџетот, делумно и на приходите, меѓутоа и на расходите затоа што кај расходите може да се најдат начини за
заштедување.
евра, а за шестмесечни записи со денарска клаузула државата вчера се задолжи со повеќе од 22 милиони евра. Каматата за записите со девизна клаузула изнесува 4,1 отсто, а за денарските е 4,3 отсто. За наредната недела е закажана и нова аукција на државни записи. Наредната недела, исто така, за враќање доспеваат уште 27 милиони евра.

Економската аналитичарка Шенај Хаџимустафа вели дека од ваквиот круг на задолжување за раздолжување ќе излеземе кога задолжувањето ќе даде ефект.

„Ако сме ги трошеле парите, паметно, ефикасно, рационално, за цели кои што се навистина битни и за доброто и општата благосостојба на сите луѓе во земјата, тогаш мислам дека овој маѓепсан круг некогаш можеби и ќе престане или, пак, ќе биде многу помало задолжувањето за враќање на долгови, така да останува да видиме што ќе покаже времето.“

Шенај Хаџимустафа

Очигледно е потребно задолжување на подолг рок, па владата го користи овој механизам за да го одложи враќањето на парите, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
Не може да се реши на краток рок, ова ќе е тешка работа за совладување, меѓутоа еден ден ќе мора да се реши особено ако расте степенот на задолжување, а тој постепено расте, така што тоа е тоа и постепено тој само се префрлува од ,,шупливо во празно"


„Во еден момент ќе треба да се најде начин како со други средства да се покрие тој долг и понатаму Македонија да не се задолжува одново. Меѓутоа за тоа ќе треба целосно менување на структурата на расходите на буџетот, делумно и на приходите, меѓутоа и на расходите, затоа што кај расходите може да се најдат начини за заштедување па за да може овој долг да се врати.“

Узунов вели дека треба да се направи анализа од позитивните и негативните ефекти од брзото раздолжување, но оти ова прашање не може да се реши за брзо време.

„Не може да се реши на краток рок, ова ќе е тешка работа за совладување, меѓутоа еден ден ќе мора да се реши особено ако расте степенот на задолжување, а тој постепено расте, така што тоа е тоа и постепено тој само се префрлува од „шупливо во празно“ за да некако се одржи таа ситуација со буџетот. Буџетот очигледно полека навлегува во проблеми, односно тој е навлезен, но тие проблеми ќе имаат големи последици.“

Економистите посочуваат дека ако првичното задолжување било добро тоа треба да даде ефект или во намалувањето на расходите или во зголемувањето на приходите во буџетот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG