Достапни линкови

Американски воени бродови пловат кон Либија


Два американски воени брода денеска минаа низ Суецкиот канал на нивниот пат до бреговите на Либија, каде што се зголемува хуманитарната криза по ескалирањето на пресметките меѓу антивладините сили и силите лојални на лидерот Муамер Гадафи. Соединетите држави предупредија на бегалска криза, со оглед на информациите дека околу 75 илјади луѓе пребегале од Либија во изминативе неколку денови. Во меѓувреме, силите лојални на Гадафи ја вратиле контролата врз клучната нафтена инсталација во Брега во близина на градот Аџдаби на истокот на земјата. Притоа се додава дека борбени авиони бомбардирале воено складиште. Имало силна експлозија и во главниот град Триполи, но засега не позната причината.
XS
SM
MD
LG