Достапни линкови

Американски радар на Медитеранот


Соединетите држави соопштија дека испраќаат воен брод опремен со радар на Медитеранот. Според Џон Пламб, директор за нуклеарна и ракетна одбранбена политика во Пентагон, станува збор за прв дел од планираниот европски антиракетен одбранбен штит. Бродот Монтереј во идната недела ќе исплови од пристаништето Норфолк во Вирџинија. НАТО го одобри штитот на самитот лани, и покрај негодувањата на Москва дека тој претставува закана за руската безбедност. Вашингтон инсистира дека станува збор за одбрана од можни ирански ракетни напади врз Европа.
XS
SM
MD
LG