Достапни линкови

logo-print

САД: избегнат проблемот со финансирање на владата


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои законот за финансирање на владата во наредите две недели. Без овој закон финанисрањето на сите владини операции ќе требаше да бидат прекинати до крајот на неделава. Во документот кој треба да биде одобрен и од Сенатот се бара владата во претстојните две недели да ги намали трошоците за 4 милијарди долари. Според законската регулатива, републиканците и демократите имаат време до 18 март да се усогласат околу новиот буџет. Републиканците бараат намалување на дефицитот кој за оваа година е проектиран на рекордни 1,65 трилиони долари.
XS
SM
MD
LG